За Истанбул Segway Tours
Заборавете на исцрпувачките пешачки маршеви; доживејте го Истанбул на едноставен и елегантен начин
Не е потребно претходно искуство!
Научете да возите Segway за помалку од 2 минути и придружете им се на нашите професионални водени градски тури.
Најлесен начин да ги видите најдобрите страни на Истанбул
Ќе имате единствена можност да ги видите највозбудливите знаменитости во Истанбул без пешачење, за само неколку часа. Заборавете на автобусите и заморните пешачки тури и уживајте со нас!
Најважни точки; Султанахмет, Константиновиот столб (Џемберлиташ), плоштадот и џамијата Бајазит, џамијата Шехзаде, аквадуктот Боѕдоган, џамијата Сулејмание, Гулхане Парк, плоштадот Хиподром, џамијата Султанахмет (Сина џамија), палатата Топкапи, Hagia Sophia.
Стариот Истанбул Segway градска турнеја
Никогаш не сте виделе толку многу за само 90 минути! Турнејата низ Стариот град ги опфаќа најдобрите знаменитости во Истанбул.
Започнува во Султанахмет, а оттаму продолжува низ плоштадот Хиподром, кој бил сведок на гладијаторски борби, трки со коли/автомобили и многу немири.
Потоа се упатувате кон џамијата Султанахмет, позната и како Сина џамија. Веднаш по разгледувањето на главната резиденција на отоманските султани, палатата Топкапи, ќе продолжите кон Hagia Sophia, позната и како Црквата на Светата Мудрост, која е богато и уметнички украсена од византискиот император Јустинијан.
Ќе застанеме во Гулхане Парк, кој е најстариот и најголем урбан парк во Истанбул, а потоа ќе ја завршиме турнејата на местото на состанокот.
За ова неверојатно искуство и уште повеќе, Купете го вашиот pass сега! Istanbul PRIME Pass® е тука да го направи вашето патување во Истанбул незаборавно искуство!